Британската премиерка во заминување Тереза Меј изјави дека кој пат и да го избере Велика Британија за излез од Европската Унија, тој мора да биде одржлив на долги патеки.

Меј истакна дека е неопходен некој вид компромис во екот на растечки поделби, пренесе „Ројтерс“.

Во својот последен голем говор пред заминувањето од премиерската функција следната седмица, Меј изрази загриженост за состојбата на политиката и истакна дека подготвеноста на компромис „излегла од мода“.