Метамфетамин во вредност од 5 милиони долари по грешка бил испратен по пошта на стар брачен пар во Мелбурн, Австралија, пренесува „Индепендент“. 

Според австралиските медиуми, стариот брачен пар не очекувал никаква пратка по пошта, а откако го добиле пакетот и внатре нашле 20 килограми бела супстанца веднаш се јавиле да ја известат полицијата. 

Полицијата истрагата ја поврзува со претходно уапсениот 21-годишен Жилинг Ма кај кого открила 20 килограми метамфетамин и работи на расчистување на случајот.