Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека го разбира интересот на новинарите за нејзината здравствена состојба бидејќи во последните две недели двапати во јавноста имаше напад на треперење, но нагласи дека се чувствува добро.

– Добро сум, рече Меркел (65) на крајот на дводневниот самит на Г20 во Осака – пренесе „АП“.

Таа додаде дека е уверена оти таквите реакции „како што доаѓаат, така и поминуваат“.

Меркел завчера за време на церемонија во Берлин трепереше и изгледаше како да не и е добро, а слична сцена се случи и пред 12 дена за време на пречекот на украинскиот претседател Владимир Зеленски.