Германската канцеларка, Ангела Меркел, изјави дека Европа итно треба да ја реформира својата зона на отворена граница во Шенген, во светло на неодамнешните терористички напади, пренесува „Ројтерс“.

– Сакам да го споменам системот за влез и излез од шенген-зоната, кој треба да биде готов до 2022 година. Исклучително е важно да се знае кој влегува и кој ја напушта шенген-зоната – рече Меркел по состанокот со другите европски лидери.