Германија може да донесе „независни одлуки”, истакна германската канцеларка Ангела Меркел, отфрлајќи ја критиката на американскиот претседател Доналд Трамп за проектот за гасоводот со Русија.

– Јас лично, доживеав, тој дел од Германија да биде контролиран од Советскиот Сојуз. Многу сум среќна што денес сме слободно обединети … и затоа можеме да речеме дека спроведуваме независни политики и може да донесеме самостојни одлуки – изјави Меркел.

Реакцијата на Меркел следуваше по изјавата на Трамп за време на појадокот со Столтенберг дека Германија е зависна од Русија поради гасот.