Германската канцеларка Ангела Меркел и унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска истакнаа различни ставови за прашањата за мигрантите, наведувајќи дека се расположени да продолжат да разговараат.

На заедничка прес конференција во Берлин, Меркел изјави дека сака да ја заштити европската „хуманост“ кога станува збор за начинот на кој се третираат мигрантите и оти најверојатно е тоа по што се разликуваат.

Орбан наведе дека ставот на Унгарија не е промент откако ги затвори своите граници за време на мигрантскиот бран во 2015 година.

– Унгарската Влада оценува дека поставувањето на 8.000 чувари на својата граница е многу добра солидарност со земијте членки на Европска унија- посочи Орбан.

Меркел се согласи дека заштитата на надворешните граници на Европа е „важна и оправдана“, но оти земјите членки на ЕУ мора да примат одреден број мигранти.

Унгарија одбива да прими мигранти.