Министерот за внатрешни работи на Германија и дал рок на канцеларката Ангела Меркел до крајот на јуни да го реши мигрантското прашање и пограничната контрола, јави ДПА. Германската канцеларка Ангела Меркел го прифатила барањето од министерот Хорст Зехофер за граничната контрола, јави ДПА повикувајќи се на владини извори.

Зехофер го објави своето барање денеска, нагласувајќи дека ќе нареди пограничната полиција да почне да ги враќа мигрантите, освен ако Меркел не вети дека ќе најде решенија за управување со илегалната миграција на ниво на ЕУ.

Според изворите, Меркел на 1 јули ќе даде јавна изјава во врска со нејзините напори за формирање билатерални договори со земјите-членки за враќање на мигрантите кои веќе се регистрирани на друго место во Унијата.

Самитот на ЕУ во Брисел на 28 и 29 јуни е со цел справување со спорот меѓу европските земји во врска со миграцијата.