Германската канцеларка Ангела Меркел изрази жалење поради „тажната“ одлука на САД да се повлечат од  Договорот за нуклеарна програма склучен со Иран во 2015 година и ја потврди решеноста на својата земја да се придржува кон него. 

На денешната прес-конференција Меркел го повика Иран да продолжи со исполнувањето на своите обврски според Договорот, истакнувајќи дека Меѓународната агенција за атомска енергија отсекогаш тврдела дека Техеран се придржува до Договорот. 

– Патот до решението е кога разговараме едни со други, рече Меркел и го посочи Договорот со Иран, како пример за таквата дипломатија во акција. 

Меркел истакна дека Договорот не треба да биде доведен во прашање, но треба да се преговара за поширок договор, што ќе го надмине првиот документ.