Здравјето на германската канцеларка Ангела Меркел е добро и таа планира да го отслужи целиот мандат до 2021 година во коалиција со сојузниците од Социјалдемократската партија, изјави денеска за „Ројтерс“, шефот на нејзиниот кабинет, Хелге Браун.

Меркел, која наполни 65 години, во последните недели имаше неколку напади на тресење на јавни церемонии, што покрена шпекулации околу нејзиното здравје, додека таа инсистираше дека нема потреба за грижа.

Во јавноста деновиве беше отворено и прашањето дали социјалдемократите ќе се повлечат од владејачката коалиција, бидејќи голем број членови од левооријентираната партија сакале да го напуштат сојузот со канцеларката.

Браун сепак очекува дека социјалдемократите ќе останат во коалиција со конзервативниот блок на Ангела Меркел.

Тој рече дека не верува оти Социјалдемократската партија ќе сврти грб во моментот кога германската влада треба да се позанимава со брегзитот и да помогне при обликувањето на европската иднина кога в година ќе го презеде претседавањето со Европската Унија.