Германската канцеларка Ангела меркел го оквалификува договорот за брегзит кој британската премиерка Тереза Меј го постигна со Европската унија „дипломатско ремек-дело“.

– Ова е историски ден, кој предизвикува спротивставени чувства…трагично е што Обединетото Кралство ја напушта ЕУ после 45 години, но мора да го испочитуваме гласот на британскиот народ, истакна Меркел.

Таа го пофали Договорот кој Меј го постигнала во „екстремно тешка ситуација без преседан“, но дополни дека во него се одразуваат интересите на обете страни.