Германија сè уште сака брегзит со договор, но земјата е спремна и за сценарио без договор, изјави канцеларката Ангела Меркел.

– Знаеме дека деталните предлози денеска ќе бидат претставени, тоа се случува приближно сега, а во секој случај денес во Брисел – рече Меркел.

Таа додаде дека сè уште ништо конкретно не може да каже во овој момент и дека ќе ги разгледаат предлозите на Велика Британија заедно сите 27 земји членки на ЕУ.

– За нас е важно да се држиме заедно. Имаме доверба во Мајкл Барни и ние дополнително ќе расправаме за тоа – рече Меркел.