Германија е подготвена да испрати дополнителни полицајци, особено во Бугарија, како дел од мерките за заштита на надворешната граница на Европската унија, јавува ДПА, повикувајќи се на писмо на канцеларката Ангела Меркел.

– Ќе ги зајакнеме силите на Фронтекс, распоредени во Грција на границата со Македонија и Албанија- се вели во писмото на Меркел до раководителите на партиите од владејачката коалиција – Христијанско-демократската унија (ЦДУ), Христијанско-социјалната унија (ЦСУ) и Социјалдемократска партија на Германија (СПД) и нивните парламентарни групи.

Канцеларката сака  овие мерки насочени кон намалување на бројот на мигранти кои пристигнуваат во Европа мигранти, да бидат реализирани до крајот на август. 

– Ние, исто така, треба да сме подготвени да ги поддржиме, ако е потребно, Словенија и Хрватска во врска со заштитата на границите”- се вели во писмото.