Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека не смета оти мерките за забавување на ширењето на коронавирусот се залудни, велејќи дека тие купуваат драгоцено време.

Меркел го изјави ова на германско-грчки бизнис-форум во Берлин, откако акциите во Европа и на други места паднаа како резултат на зголемениот прекин предизвикан од епидемијата на коронавирус, пренесува агенцијата АП.

Таа посочи дека иако вирусот продолжува да се шири, тоа не значи дека сè што се прави во сите земји, вклучително и Германија, е залудно. Најефективната работа против вирусот е временскиот фактор, за да се избегне преоптоварување на лекарите и болниците, објасни Меркел.

Германската канцелар карече дека времето е вредно за научниците да истражуваат лекови и вакцини и за владите да помогнат во создавање на залихи со заштитна опрема.