Сиднеј – Чадот од шумските пожари што беснеат северно од Сиднеј го обви австралискиот град, а властите поради високите температури и силните ветрови издадоа предупредувања за висок ризик од пожари низ источните и јужните делови на земјата. Стотици шумски пожари повеќе недели горат по должината на источниот брег, но појавата на нови температури од 40 степени во Јужна Австралија во средата предизвика евакуација на населението во близината на Аделаида.

Рим – Најмалку пет лица загинаа, а две се потешко повредени во експлозија во фабрика за петарди и огномет на Сицилија. Меѓу жртвите е и 71-годишната сопруга на сопственикот на малата семејна фабрика во гратчето Барселона Поцо ди Гото, лоцирано на 25 километри од Месина. Нејзиниот син, кој сакал да ја спаси мајка си, е тешко повреден и веднаш бил хоспитализиран. Во слични мали фабрики низ Италија од 2000 година животите ги загубиле68 лица.

Вашингтон – САД ги демантираа јужнокорејските медиуми дека размислуваат да повлечат најмногу 4.000 војници од Јужна Кореја доколку Сеул повеќе не плаќа за одржување на американскиот контингент од 28.500 војници во случај на агресија од Севернa Кореја. Медиумските извештаи следуваат два дена откако САД ги прекинаа разговорите за одбранбените трошоци, откако побараа Јужна Кореја да го зголеми својот годишен придонес за американскиот контингент на пет милијарди долари, што е повеќе од пет пати отколку што плаќа сега.

Брисел – Новиот претседател на Европската народа партија (ЕПП), Доналд Туск, изјави дека на почетокот на следната година ќе донесе одлука за партијата Фидес на унгарскиот претседател Виктор Орбан, која е суспендирана поради кршење на демократските стандарди. Партијата на Орбан беше суспендирана од страна на ЕПП во март годинава, а неодамна беше формирана тричлена комисија, која до крајот на декември треба да поднесе извештај за Фидес.