Венеција – Најмалку две лица загинаа во Венеција, откако италијанскиот град беше погоден од нависоката плима во изминатите 50 години. Градоначалникот на Венеција ја разгледува можноста за прогласување вонредна состојба, откако во делови од градот водите се искачија на 1,87 метар. Само еднаш откако почнало следењето, од 1923 година, плимата била поголема, односно во 1966 година кога достигнала 1,94 метар.

Париз – Во повеќе градови во Франција студентите излегоа на улични протести, во знак на солидарност со нивниот колега, кој се обиде да се самоубие во петокот. Младиот 22-годишен студент се замозапали поради големите финансиски тешкотии, за кои ги обвини домашните политичари и Европската Унија. Студентите тврдат дека неговиот очаен потег ја отсликува актуелната несигурност со која се соочуваат младите луѓе во Франција.

Амстердам – Холандските власти ја ограничија брзината за автомобилите во земјата на сто километри на час, што е дел од пакетот итни мерки за намалување на загадувањето со азот. Владата на премиерот Марк Рут е во криза поради одложувањето илјадници градежни проекти во Холандија, што беше наредено од судот откако земјата ги прекрши законите на ЕУ за емисиите на азот. Азотот најмногу се испушта од сточарски фарми, автомобили, камиони и од градилишта.

Њујорк – Бившата шефица на американската дипломатија и кандидатка на претседателските избори во 2016 година, Хилари Клинтон, изјави дека се наоѓа под голем притисок да го предизвика актуелниот шеф на Белата куќа Доналд Трамп на изборите во 2020 година. Седумнаесет демократи веќе се во игра за кандидатура од партијата за наредните претседателски избори. Клинтон порача дека постојано размислува за тоа каква претседателка би била доколку го победеше Трамп во 2016 година.