Токио – Јапонија реши да испушти третирана радиоактивна вода од оштетената нуклеарна централа „Фукушима“ во океанот, и покрај противењето на локалното население, еколошките групи и соседните земји. Јапонскиот премиер Јошихиде Суга на состанокот на Владата, на 13 април, рече дека фрлањето на загадената вода во морето е „најреалната“ опција во деценискиот процес на деактивирање на нуклеарната централа.

Берлин – Владата на германската канцеларка Ангела Меркел, како што е најавено, од денеска планира да ги заостри прописите против ковид-19 за да се воведе заклучување низ целата земја. На таков начин Владата сака да ги избегне отпорите на локално или регионално ниво. Целта е да се запре третиот бран на пандемијата, која продолжува да се шири и покрај веќе постојните ограничувања на движењето.
Москва – Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, рече дека Москва очекува иранскиот нуклеарен договор да преживее и ги осудува санкциите на Европската Унија (ЕУ) против Иран, додавајќи дека тие може да ги поткопаат чувствителните преговори. Рускиот дипломат ги критикуваше и неодамнешните санкции на ЕУ кон Иран, велејќи дека тие отвориле „огромен број прашања“, додека разговорите се насочени кон обновување на договорот за ограничување на нуклеарните амбиции на Техеран.

Киев – Украина го обвини Кремљ дека го игнорирала нејзиното барање за разговори меѓу претседателите на двете земји за насобраните руски трупи во близината на украинската граница. Москва возврати дека нејзините војници се на своја територија, за разлика од американските сили во регионот. Киев и Москва разменија обвинувања за влошувањето на состојбата во источниот дел на регионот Донбас, каде што украинските трупи се бореа со силите поддржани од Русија.