Брисел – Претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лејен, предупреди дека другите земји на ЕУ можат да го блокираат извозот на вакцини против ковид-19, како што тоа го стори Италија за испораката на контингент вакцини за Австралија. Оваа изјава доаѓа по чекорот на Италија од минатата недела кога повика на забрана за извоз и снабдување на 250.000 вакцини од страна на „Астра Зенека“ во Австралија, повикувајќи се на недостиг од вакцини во Европа и недостиг од итна потреба во Австралија. Соочена со недостиг од вакцини, ЕУ воведе систем за контрола за извоз на вакцини.

Вашингтон – Американскиот центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) објави упатства за вакцинирани граѓани во кои се наведува дека целосно вакцинираните лица можат да се среќаваат во затворен простор без да носат маски или да држат дистанца. Во САД, 46.455 луѓе биле заразени со вирусот во последните 24 часа, а 666 починале, така што бројот на смртни случаи од почетокот на пандемијата е повеќе од 525.000, објави универзитетот „Џон Хопкинс“.

Пекинг – Кина лансираше дигитален сертификат за вакцинација против ковид-19 за своите граѓани што планираат прекугранични патувања. Дигиталниот сертификат, кој содржи статус на вакцинација на лице и резултати од тестови за вируси, е достапен за кинеските граѓани преку програма на кинеската платформа за социјални медиуми „Њучат“, која беше лансирана на 8 март.

Берлин – Германскиот пратеник на Христијанско-демократската унија (ЦДУ) на канцеларката Ангела Меркел поднесе оставка, под притисок на партиските колеги, по откритието дека неговата компанија профитирала од набавка на маски на почетокот на пандемијата. Никола Лобел претходно најави дека ќе поднесе оставка во август, непосредно пред германските национални избори, но се соочи со постојани критики од партиските колеги, стравувајќи од реакцијата на гласачите на изборите што ќе се одржат во два региона викендов.