Првата дама на САД, Меланија Трамп, која утре ќе ја напушти Белата куќа заедно со претседателот Доналд Трамп кому му истекува претседателскиот мандат, со порака и се обрати на американската нација.

Таа вели дека најголемата чест во нејзиниот живот е што била прва дама на САД.

– Ме инспирираа неверојатните Американци ширум нашата земја кои ги градеа нашите заедници со својата љубезност и храброст, со добрина и грациозност. Изминатите четири години беа незаборавни. Сега кога Доналд и јас го завршуваме времето во Белата куќа, мислам на сите луѓе што ги примив во моето срце и на нивните неверојатни приказни за љубов, патриотизам и решителност – вели Меланија.

Таа наведе и дека нејзината страст за помагање била двигателот за нејзината политичка иницијатива како прва дама.