Можно е воведувањето нови економски санкции кон Русија да се третира како објавување  економска војна, на која мора да се одговори со сите економски, политички и други мерки, изјави рускиот премиер Дмитриј Медведев. 

Тој додаде дека не би сакал да ги коментира разговорите за идните санкции.

– Меѓутоа, доколку мерките како забрана на банкарски активности или употреба на оваа или онаа валута, тоа јасно ќе се смета за објавување економска војна. Нашите американски партнери треба да знаат дека на тоа ќе биде одговорено со економски, политички и други мерки – рече Медведев.

Говорејќи за постоечките и неодамна воведени санкции, Медведев оцени дека и покрај причините за нив, тие мерки се насочени најмногу кон ограничувањето на економската моќ на Русија.

Според него, последните 100 години, Русија преживеала во услови на постојани притисоци.