Рано утрово, полицијата во Палермо го уапси Џузепе Калварузо, водачот на едно мафијашко семејство, кој се вратил од Бразил, каде што побегнал, за да го помине Велигден со своето семејство, пренесуваат италијанските медиуми. Покрај Калварузо, уапсени се и петмина негови блиски соработници.

Шефот на мафијата и неговите соработници беа уапсени под обвинение за изнуда, нанесување повреди, киднапирање, фалсификување податоци, а сè уште беше влошено со обвинението за мафијашка асоцијација.

Според медиумите, Калварузо со години го водел својот мафијашки бизнис од Бразил, избирал соработници и им доверувал задачи, се грижел за помагање на семејствата на мафијаши кои се наоѓаат во затвор и преговарал со други мафијашки семејства за поделба на зоните на влијание.

Во соседството на Палермо каде живееше Калварусо, тој важеше за „човек од збор“, тој ги утврдуваше правилата и односите во таа средина, и секој што сакаше да започне бизнис мораше да побара дозвола од него, а не од државата.