Италијанската мафија ги „пружи рацете“ преку трпезата, зграпчувајќи ја трговијата со месо, со што дистрибутерите и продавачите на Сицилија се приморани да платат „понуди што не се одбиваат“, пишува весникот „Кориере дела сера“.

Деталите за бизнисот на Коза ностра беа откриени по неодамнешното апсење на седуммина членови на организираниот криминал. Тогаш се дозна дека мафијата се насочи кон трговијата со месо, откако претходно заработуваше со препродажба на накит и злато, како и од криумчарење на кокаин.

Семејството Формосо го искористи своето влијание за да им продава месо на италијанските маркети по повисока цена, а припадниците на организираниот криминал се обидеа и да ја легализираат изнудата преку законски бизниси. Тука спаѓаат трговијата со маслиново масло од Трапани, снабдувањето на угостителските објекти со кафе, како и продажбата на домати и портокали, со што „пресметките“ на мафијата се префрлија на пазарот Виторија.