Американскиот секретар за одбрана Џејмс Матис ја обвини сириската Влада дека одложува да им дозволи на инспекторите на Организацијата за забрана на хемиско оружје (ОПЦВ) да пристапат до локациите на наводниот хемиски напад.

Тој додаде дека тоа е стратегија што се користела во минатото.

– Сосема ни е јасно дека тоа доцнење на делегацијата и е наметнато од страна на режимот, но исто така сме сосема свесни за тоа како тие дејствувале во минатото и никого не пуштале на места каде што е користено хемиско оружје – рече Матис.

Според него, пауза по таков напад се користи за да се расчистат доказите пред истражниот тим да добие пристап.