САД ќе продолжат непоколебливо да ги исполнуваат своите обврски кон НАТО, изјави денеска американскиот државен секретар Џејмс Маттис.

На заедничка прес-конференција со француската министерка Флоранс Парли, по нивната средба во Париз, Матис нагласи дека „делата говорат повеќе од зборовите“, кога станува збор за исполнувањето на американските обврски кон Алијансата.   

Изјавата на Матис доаѓа по најавите на американскиот претседател Доналд Трамп дека останатите членки на Алијансата нема да можат да очекуваат заштита од САД, доколку не ги исполнуваат своите обврски кон НАТО и ако не издвојуваат доволно средства за одбраната.

Средбата Парли-Матис се одржа во пресрет на дводневниот состанок на министрите за одбрана на земјите членки на НАТО, што почнува утре во Брисел.