Претседателот на Италија, Серџо Матарела денеска ги повика политичките партии на нова рунда консултации за формирање на нова влада.

Матарела наведе дека на 7 мај партиите треба да разговараат за формирање на нова влада со цел да заврши деветнеделниот „политички застој“ по изборите одржани во март.

Италијанскиот претседател вчера ја исклучи можноста од организирање на предвремени избори во јуни, истакнувајќи дека подобро би било да се формира нова влада и да се подготви и усвои буџетот за идната година.

Во понеделникот лидерот на Движењето Пет ѕвезди, Луиџи Ди Мајо побара да се одржат нови избори следниот месец, истакнувајќи дека пропаднале преговорите за формирање на нова влада.