Германскиот министер за надворешни работи, Хајко Мас, предупреди дека најновото отстапување на Иран од нуклеарниот договор со светските сили од 2015 година би можело да го уништи целиот договор.

Мас изјави дека одлуката на Иран да користи поголем број напредни центрифуги за производство на збогатен ураниум е неприфатлива и со тоа Иран го ризикува целиот нуклеарен договор.

Шефот на иранската нуклеарна програма денеска рече дека Техеран сега користи 60 напредни центрифуги ИР-6, што е во спротивност со договорот за нуклеарната програма со светските сили. Тоа значи дека Иран сега работи со двојно повеќе напредни центрифуги од порано.