Во ерменскиот парламент изби тепачка помеѓу пратениците на владата и опозицијата.

Според руските медиуми, сè започнало додека пратеникот на владејачката партија „Граѓански договор“, Ике Саркисјан, бил зад говорницата, критикувајќи ја работата на претходните министри за одбрана.
По вербалната дискусија, пластично шише полета кон него, а пратеникот одговори со иста мерка.
После тоа дојде до тепачка.

Претседателот на парламентот го повика обезбедувањето во салата и нареди пауза.