Филипинските власти предупредија на опасноста од голема ерупција од вулканот Таал, од кој веќе почна да истекува лава. Таал, кој е вториот најактивен вулкан на Филипините, претходно испушти големо количество густ чад, поради што властите наредија евакуација на над 500.000 жители од престолнината Манила.

И покрај тоа што вулканот немал ерупција од 1977 година, таму во изминатите неколку години е регистрирана зголемена сеизмичка активност. Таал се наоѓа на најголемиот остров во Филипините, Лузон, на околу 50 километри јужно од Манила. Најсмртоносната ерупција на вулканот е регистрирана во 1911 година, кога животот го загубиле над 1.300 лица.