Околу 10.000 лица денеска во Брисел учествуваа во марш против климатските промени, од кој беше побарано од белгиската Влада да ги зголеми напорите за ограничување на емисиите на штетни гасови.

Ова е четврти ваков протест во Брисел во изминативе два месеци, на кој беше побарано поголема употреба на обновиливите извори на енергија и зајакнување на мерките за подобрување на квалитетот на воздухот.

На сличен марш во декември учествуаа околу 70.000 лица, а во четвртокот речиси 35.000 ученици и студенти се собраа на протест во центарот на Брисел со барање за подобра заштита на климата.