Фото: Илустрација

Мароканските власти соопштија дека спречиле бродови во кои се наоѓале 117 мигранти да отпловат кон Европа и уапсиле 40 лица кои се обиделе да ја преминат оградата во шпанската северноафриканска енклава, Мелиља.

Неименуван марокански воен офицер изјави за „АП“ дека морнарицата спречила три брода да отпловат преку Медитеранот.

Засега не е познато каде се однесени мигрантите кои се наоѓале на бродот.

Во меѓувреме, полициски службеник од Надоро изјави дека вчера биле уапсени 40 мигранти кои се обидувале да се протнат преку жичната ограда во Мелиља, додека друга група од 52 лица успеала да премине во Шпанија.