Граѓаните на Мичиген го подржаa предлог законот за легализација на марихуаната, еден од низата закони за кои американците се изјаснија на изборите. Предлог законот за легализација на марихуаната во Мичиген дозволува реакреативна потреба на сите граѓани постари од 21 година. Законот дозволува и поседување до 70,8 грама без ризик од апсење.

Новиот закон го дозволува купувањето на марихуаната и прехрамбените производи кои содржат марихуана, како и огледувањето на 12 стебла на марихуаната во домашни услови. Мичиген се приклучи на останатите девет сојузни држави за легализација за рекреативна употреба на марихуаната, која e се уште илегална според сојузните закони на САД.

Северна Дакота го одби сличниот предлог закон, каде по пребројувањето на гласовите се проценува дека 60% од бирачите ја одбија легализацијата на марихуаната за користење на лица постари од 21 година, како и можноста на граѓаните кои биле претходно осудени за поседување на марихуана да им биде избришано од досието.