По тридневниот маратонски самит, лидерите на Европската Унија (ЕУ) ја номинираа германската министерка за одбрана Урсула фон дер Лаин за нов шеф на Европската комисија (ЕК), информира Би-би-си.

Номинацијата на Фон дер Лаин која е една од најблиските соработнички на германската канцеларка Ангела Меркел, според познавачите на состојбите, доаѓа како големо изненадување откако другите главни кандидати беа одбиени. Доколку и биде одобрена номинацијата, таа ќе биде првата жена-претседател на ЕК.

Дополнително, претседателката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) Кристин Лагард е номинирана за нова шефица на Европската централна банка (ЕЦБ). Моментално, ЕЦБ ја води Марио Драги, за кој многу експерти сметаат дека е најзаслужен за спасот на еврото за време на должничката криза во еврозоната.

– Го договоривме целиот пакет пред првата сесија на Европскиот парламент – изјави претседателот на Европскиот совет Доналд Туск.

Тој потенцираше дека Германија ја воздржувала номинацијата на Фон дер Лаин поради несогласувања во коалицијата, но истакна дека ја добила поддршката од Меркел. Туск исто така го пофали и родовиот баланс при номинациите.

Белгискиот премиер Шарл Мишел е номинран за заменик на Туск, додека Шпанецот Хосеп Борел е предложен за шеф на европската надворешна политика.