Манекен кој учествуваше на ревија од модната недела во Сао Паоло одеднаш му се слоши, по што падна и почина на модната писта, пренесуваат светските медиуми.

Според информациите од бразилските медиуми, иако брзо бил пренесен во болница, лекарите не можеле да направат ништо друго освен да констатираат смрт на 26-годишниот Талес Соарес.

Како што објавија бразилските медиуми, на почетокот присутните мислеле дека Соарес се сопнал на врвките од неговите сандали, така што публиката верувала дека тоа е само дел од шоуто.

Соарес бил ангажиран како модел во модната агенција „Бејс МГТ“.