Поранешниот шеф на кампањата на американскиот претседател Доналд Трамп – Пол Манафорт, ја призна вината по две точки од обвиненијата во истрагата на сепцијалниот советник Роберт Малер, се наведува во судските документи.

Манафорт се согласи на тоа во договор со Малер.

Тој се изјаснил за виновен по точката која го товари за завера против САД и по точката која го обвинува за завера поради попречување на истрага.