Премиерот на Малта Џозеф Мускат изјави денеска дека на хуманитарниот брод „Лајфлајн“ ќе му биде дозволено да влезе во пристаниште на Малта и дека мигрантите потоа ќе бидат распоредени во земјите на ЕУ.

Изјавата на малтешкиотр премиер доаѓа откако бродот беше принуден да чека шест дена да се истовари, бидејќи Италија одби да му дозволи да се вкотви во едно од нејзините пристаништа.

Претходно денеска Малта дозволи бродот да влезе во нејзините води за да се заштити од турбулентното море, но не даде дозвола да се вкотви во нејзино пристаниште.