Премиерот на Малезија, 94-годишниот Махатхир Мохамед денеска ја понуди својата оставка до малезискиот крал, Султан Абдулах Султан Ахмад Сах.

Тој поднесе оставка откако неговата партија ја напушти владејачката коалиција, две години по формирањето.

Во соопштението од кабинетот на премиерот, само се наведува времето кога е понудена оставката, но не и детали.

Аналитичарите погодуваат на кого кралот сега би можел да пружи поддршка или дали ќе се распишат нови избори.