Францускиот претседател, Емануел Макрон, изјави дека би ја поддржал германската канцеларка Ангела Меркел доколку би сакала да стане претседател на Европската комисија.

– Ако сака да биде претседател на ЕК, ќе ја поддржам. Пред сѐ, бидејќи мислам дека нам ни е потребен некој силен. На Европа ѝ требаат нови лица, така што имаме потреба од личност што тоа знае да го реализира – изјави Макрон.

Тој додаде дека на челните функции на ЕУ треба рамноправно да бидат застапени и мажите и жените.