Францускиот претседател Емануел Макрон ќе се сретне в недела со рускиот колега Владимир Путин за време на финалниот натпревар на Светското фудбалско првенство во Москва, соопшти денеска Елисејската палата.

Средбата меѓу Макрон и Путин била договорена синоќа за време на краткиот телефонски разговор меѓу двајцата лидери.

Францускиот претседател синоќа присуствуваше на полуфиналниот натпревар меѓу Франција и Белгија во Санкт Петербург, во кој француската репрезентација победи со 1:0.