Францускиот претседател Емануел Макрон, во своето обраќање до нацијата, вети покачување на минималната плата и даночни измени, како одговор на неколкунеделните насилни протести на „жолтите елеци“.

Во своето обраќање Макрон рече дека минималната плата од 2019 година ќе се зголеми за 100 евра и дека овие мерки ќе почнат да се спроведуваат што е можно побргу.

Исто така, Макрон рече дека допoлнителните работни часови нема да се оданочуваат, како и делумно отстапување од реформите во социјалната сфера, со екстра бонуси за крајот на годината.

Макрон во своето телевизиско обраќање рече дека гневот на граѓаните кои протестираат бил „длабок и на многу начини легитимен“.

Во 13-минутен телевизиски говор, осврнувајќи се на барањата на движењето на „жолтите елеци“, францускиот претседател изјави дека прогласува „социјална и економска вонредна состојба“

Во Франција се случија масовни насилни протести против покачувањето на данокот за гориво, трошоците за живот и други давачки.