Францускиот претседател, Емануел Макрон, потврди дека ќе се стори сѐ за Богородичната црва, која беше уништена минатата година во пожар, да се обнови за  пет години.

Во видеото објавено на интернет-страницата на Елисејската палата по повод првата годишнина од пожарот, шефот на државата истакна дека пожарот нее заборавен иако „нашите денови, нашите мисли, нашите животи“ се целосно преокупирани со кризата со пандемијата на коронавирус.

– Ќе ја изградиме Норт-Дам за пет години, ветив. Ќе сториме сѐ за да го исполниме тој рок. Секако, работите на градилиштето во моментот се запрени поради здравствената криза, но ќе продолжат штом ќе биде можно – најави тој.

Никакви комеморации не се планирани по повод одбележувањето на годишнината од пожарот, во согласност со забраната за јавни собири за време на кризата со коронавирус.

Само главната камбана „Емануел“ на јужната кула на катедралата ќе ѕвони во 20 часот за да го означи моментот кога избувна пожарот.