Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека се залага за нови преговори за шенгенскиот простор дури и ако резултатот би бил шенгенски простор со помалку земји членки, пренесе „Еуроактив“.

Макрон оцени дека заедничките граници, Шенген како и Даблинскиот договор веќе не функционираат, мислејќи на неуспехот на ЕУ да го ревидира системот за азил.

Бегалската криза што ја погоди Европа во 2015-2016 година, покажа дека голем број баратели на азил не сакаат да останат во земјата на прв влез во ЕУ, најчесто во Грција Италија или Шпанија, туку бараат да стигнат до Германија или Шведска.