Русија и Франција мораат да работат заедно за да изградат атмосфера на доверба – изјави денеска францускиот претседател Емануел Макрон.

– Сакам да работаме рака под рака за да создадеме атмосфера на доверба, рече тој на пленарната сесија на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург.

Тој рече дека мора да се надмине јазот и партнерството повторно да се изгради.

Макрон додаде дека тој сака Русија да остане член на Советот на Европа.