Францускиот претседател Емануел Макрон во интервју за шведската телевизија ВБТ изјави дека претседателот на Русија, Владимир Путин фантазира за тоа да ја „расформира Европска унија“.

– Постојано сум во контакт со Владимир Путин, го почитувам, но сонот на Путин е да ја расформира ЕУ, истакна Макрон.

Претходно, Макрон на прес-конференција со финскиот претседател Саули Нинисто изјави дека стабилизацијата на односите помеѓу Русија и ЕУ ќе придонесат за стратешко партнерство помеѓу Москва и Брисел во областа на одбраната и безбедноста.

На изјавата на францускиот претседател, дека Русија сака да ја расформира Унијата, реагираше портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, потенцирајќи оти „Москва е заинтересирана за стабилна и предвидлива ЕУ“.

– Бидејќи ЕУ е главен трговски и економски партнер на Русија, иако ја следи Кина, ние сме заинтересирани за развој, просперитет, предвидлива и стабилна Европска унија, посочи Песков.

Тој наведе и дека Путин има многу конструктивен работен и добар личен однос со Макрон, што им помога да разговараат за отворените прашања и проблеми „за кои двете земји отворено изразуваат различни ставови“.

Песков истакна и дека односите помеѓу Русија и ЕУ не се замрзнати на руска иницијатива, како и оти тоа не е во интерес на ниту една земја-членка на ЕУ ниту на Русија.

– Штом Брисел покаже волја, Русија ќе биде подготвена да тргне по патот за подобрување на односите, посебно во некои области, меѓу кои се дијалогот за енергетиката и некои други, истакна Песков, додавајќи оти „односите продолжуваат да напредуваат“.