Францускиот претседател, Емануел Макрон, ќе пристигне во Виена в понеделник навачер. Според најавите, со австриските домаќини ќе разговара за борбата против исламистичкиот тероризам и политичкиот ислам.

Австрискиот канцелар, Себастијан Курц, го покани Макрон да разговара со него за заедничка европска иницијатива.
Според канцеларијата на канцеларот, конкретно треба да се разгледаат третманот на странските терористички борци, ефективната заштита на надворешните граници на ЕУ, како и односот на ЕУ кон Турција.

Макрон доаѓа во Виена една недела по терористичкиот напад, во кој загинаа четири лица, а беа повредени повеќе од 20.