Франција повторно беше цел на терористички напад, порача францускиот претседател Емануел Макрон во Ница, каде утрото беа убиени три лица.

Макрон рекол дека Франција воведува засилени контроли на безбедност во училиштата по терористичкиот напад во Ница.

Тој додал дека по нападот во Ница ќе биде мобилизирана дополнителна воена цила.

Војската ќе ги штити најголемите француски градови, училиштата и религиските објекти, истакнал Макрон. Наместо сегашните 3.000, овие места ќе ги чуваат 7.000 војници.

– Франција е нападната поради нашите вредности, а ние нема да се откажеме од нив – изјавил францускиот претседател.