Францускиот претседател Емануел Макрон денеска најави дека ќе почне да работи врз „рамки и правила“ за исламот во Франција, пишуваат агенциите.

Во годишното обраќање на заедничката седница на парламентот, францускиот претседател рече дека „Франција нема причина да има повеќе проблеми со исламот отколку со било која друга религија“.

– Но, постои радикално, агресивно читање на исламот што ги доведува во прашање нашите правила и закони како слободна држава и општество чии начела не ги слушаат верските пароли – рече Макрон.

Француските влади со години се обидуваат да изнајдат начин како да се справат со растечката популарност на крутите и радикални толкувања на исламот во сиромашните предградија, каде што поголем дел од населението се доселеници.