Лидерите на Франција, Германија и Италија се заканија дека ќе воведат санкции за земјите што продолжуваат да го кршат ембаргото на Обединетите нации за извоз на оружје во Либија.

– Ги повикуваме сите странски актери да го прекинат нивното се поголемо мешање и целосно да го почитуваат ембаргото на Советот за безбедност на ОН за извоз на оружје во Либија – се вели во соопштението на Емануел Макрон, Ангела Меркел и Џузепе Конте.

Европските лидери се подготвени да прибегнат кон санкции доколку се продолжи со кршење на ембаргото на море, на копно или во воздух.