Францускиот претседател Емануел Макрон пристигна во Бејрут, за да изрази поддршка на земјата по катастрофалната експлозија, во која загинаа најмалку 135 луѓе, а околу 5.000 се повредени.

Тој на аеродромот беше пречекан од претседателот на Либан, Мишел Аун. Во изјава за новинарите, Макрон рече дека Либан се соочува со политичка и економска криза и предупреди дека земјата ќе продолжи да пати ако не спроведе реформи.

Тој, според најавите, во претседателската палата ќе има состаноци со највисоките владини претставници, како и со претставници на цивилното општество.

Франција, како и други земји, испратија тимови итна помош и спасувачки тимови.

На Либан ќе му биде потребна поширока меѓународна помош.