Францускиот претседател Емануел Макрон сака да го помогне создавањето на десет европски технолошки гиганти проценети на 100 милијарди евра, до 2030 година, пренесува „Политико“.

– Во Франција имаме резултати кои ни овозможуваат да кажеме оти тоа е остварливо – истакна Макрон за време на вчерашниот настан во Елисејската палата на кој беа собрани повеќе европски стартапи.

Франција годинава има 15 т.н. „еднорози“ – стартапи проценети на повеќе од милијарда долари, во споредба со трите вакви компании кои ги имаше во 2017 година.

Групата „Скејл ап“ сочинета од повеќе европски стартап-компании, на францускиот претседател му претстави 21 предлог за технолошки компании чиј подем тој би можел да го помогне. Планот е во рамки на француската дигитална агенда за претседавањето со Советот на ЕУ в година. Макрон истакна дека Франција ќе се „обиде да воведе максимално регулирање и напредок“ за време на претседавањето со ЕУ.

– Нема суверенитет без локални шампиони. Првиот суверенитет е индустриски, поврзан со бизнисот. Вториот е регулирањето и тие одат заедно. Без регулирање, нема стандарди – порача Макрон, ветувајќи поддршка за компаниите кои изнаоѓаат решенија врз основа на науката и инженерството.