Францускиот претседател Емануел Макрон в среда во Париз ќе се сретне со германската канцеларка Ангела Меркел, со која ќе се разговара за трансатлантските односи, Бргзитот, француско-германските одбранбени проекти и за други прашања поврзани со иднината на ЕУ, јави дописникот на МИА.

Според Елисејската палата, францускиот претседател и германската канцеларка ќе зборуваат за „главните теми кои ќе бидат на дневниот ред на идниот Европски совет, закажан за во март, како европската индустриска политика, зајакнувањето на Еврозоната, борбата против лажните вести, брегзит, трансатлантските односи и меѓународната ситуација, како и односите меѓу двете земји во областа на одбраната.

Макрон и Меркел ќе направат и преглед на спроведувањето на француско-германскиот договор за соработка и интеграција потпишан во јануари.