Францускиот претседател Емануел Макрон изјави синоќа дека заедничкиот текст на лидерите на земјите од групата Г-7 претставува само прв чекор во обидот „да се стабилизираат работите“. 

– Договорот е добра вест и претставува заедничка желба да се стабилизираат работите. Сепак, не мислам дека е постигнато се со заедничкото соопштение. Очигледно е дека во наредните недели и месеци ќе мораме да продолжиме да работиме, нагласи Макрон. 

На Самитот на Г-7 во Ла Малбе лидерите се договорија за заеднички текст и покрај многу бројните несогласувања меѓу САД и останатите земји.